Најнови вести

Анчелоти договорен, а Вентура не сака да си оди

14 ноември 2017, 19:32 | Newsroom
Анчелоти договорен, а Вентура не сака да си оди
Спорт

Никогаш не кажав дека ќе дадам оставка, изјави денеска Џампјеро Вентура за италијанската агенција „Анса“. Селекторот на италијанската фудбалска реперезентација негираше дека ќе си оди од местото, ден откако за друг медиум изјави дека ќе се збогува со тимот.

Најверојатно Вентура ќе одбие да си замине иако слекцијата на Италија не се пласираше на Светското првенство и беше елиминирана од репрезентацијата на Шведска. Дека ќе даде оставка кажа вчера во изјава на ТВ шоуто „Ле Јене“. Денеска се демантираше.

Тој потпиша нов договор со Италијанската фудбалска федерација во септември, но има клаузула во договорот што ѝ овозможува на федерацијата да го отпушти ако репрезентацијата не се пласира на Мундијалот.

Последните информации се дека на жешката клупа ќе седне Карло Анчелоти кој веќе почнал преговори со челниците на Федерацијата. Анчелоти неодамна ја прекина соработката со Баерн и во моментов е без ангажман иако се поврзуваше со неколку кинески клубови.