Најнови вести

Без струја ќе останат повеќе делови од Скопје

14 ноември 2017, 07:15 | Newsroom
Без струја ќе останат повеќе делови од Скопје
Скопје

Во текот на денешниот ден, поради закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден, Ѓорче Петров и Шуто Оризари, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според најавата, во општина Илиндиен, струја ќе немаат корисниците од улица 533 (место викано Бела Земја) згради 1, 2, 3 и 4 и улица 531 и тоа во периодот од 09:30 до 10:30 часот.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за корисниците од улица 4 во село Никиштане (општина Ѓорче Петров).

Во општина Шуто Оризари од 08:30 до 12:30 без струја ќе останат делови од улиците „Ѓорѓи Пенков“, „Нов Живот“, „Диме Мечето“, „Вашингтонска“, „Селечка Планина“, „Гвадалахара“, „Шуто Оризари“, „Гарибалди“, „Волт Дизни“, „Гарсија Лорка“ и „Метохиска“.

 

Слични вести