Најнови вести

Директор му допуштил на наставник неоправдано отсуство за да оди во Италија

12 октомври 2017, 14:26 | Newsroom
Директор му допуштил на наставник неоправдано отсуство за да оди во Италија
Црна Хроника

Полицијата од Кочани поднесе пријава против 36-годишниот Т.Б. од Чешиново, директор на основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Соколарци, поради основано сомнение дека ја злоупотребил службената положба и фалсификувал деловни книги.

Кривична пријава е поднесена и против 50-годишниот Е.С. од село Чешиново под сомнение за фалсификување исправа.

Директорот на училиштето и покрај тоа што знаел дека Е.С. од 28 декември 2016 до 03 јануари 2017 година не бил на работа, односно бил во Италија, не презел мерки за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, заради кршење на работниот ред и дисциплина.

Е.С. неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена во текот на една година.

За да му овозможи да го продолжи својот работен однос, Т.Б. евидентните листови за присуство на работа на вработените за учебната 2016/2017 година ги уништил, додека Е.С. ги евидентирал часовите како одржани.

Слични вести