Најнови вести

Епилог на денот: Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска, протестен марш на „Тврдокорните“, вербален конфликт меѓу Шилегов и Трајановски

12 октомври 2017, 21:45 | Newsroom
Епилог на денот: Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска, протестен марш на „Тврдокорните“, вербален конфликт меѓу Шилегов и Трајановски
Говорница

Панче Ангелов, напаѓачот на министерката Радмила Шекеринска за време на насилниот инцидент во Собранието на 27 април, денеска беше осуден на затворска казна од четири години, одлучи Основниот суд Скопје 1.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска во Штип се сретна со стечајните работници пред кои најави дека Владата е подготвена да донесе нов, втор занок кој ќе ги опфати сите стечајци.

Дваесетина членови на неколку патриоски здруженија меѓу кои и „Тврдокорните“ денеска организираа протестен марш со барање од претседателот Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев, меѓутоа наидоа на затворени врати и барањето не беше прифатено од Иванов.

Пратеници од парламентарното мнозинство денеска поднесоа предлог-закон за урбано зеленило, со кој се предвидува 25 м2 по жител зелена површина на ниво на град, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20 отсто.

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска имаше обраќање пред Постојаните претставници на земјите учеснички во ОБСЕ во рамки на сесијата на Постојаниот совет на Организацијата.

Има надолни ризици за раст на македонската економија од 2,5 проценти годинава, соопшти денеска Народната банка на Македонија.

По иницијатива на О2 коалицијата за чист воздух, која подготви платформа со барања за чист воздух и остварување на правото за чиста животна средина, кандидатите за градоначалници на Скопје, денеска ја потпишаа изјавата со која ја прифаќаат платформата на граѓанската иницијатива.

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, денеска на јавен настан го повика својот противкандидат Коце Трајановски да излезе на ТВ-соочување.

Денеска беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Владата, „Југохром“ и вработените во комбинатот, а се очекува „Југохром“ да почне со работа кон крајот на мај или почетокот на јуни наредната година.