Најнови вести

Епилог на денот: Кочан се изјасни за невин, повредени ученици, дебата за законот за јазици, средби со Коѕијас и со Могерини

14 ноември 2017, 21:18 | Newsroom
Епилог на денот: Кочан се изјасни за невин, повредени ученици, дебата за законот за јазици, средби со Коѕијас и со Могерини
Македонија

Првообвинетиот во случајот „Труст“, бизнисменот, Сеат Кочан, на денешното судско рочиште се изјасни како невин за делото за кое го товари Специјалното јавно обвинителство.

Претстојниот период најдобро да се искористи за постигнување напредок во процесот под покровителство на ОН за разликите околу името, било констатирано на средбата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во Брисел.

A Димитров заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи остварија средба со еврокомесарот Јоханес Хан и заменик-претседателот на ЕК Федерика Могерини.

И премиерот Зоран Заев изјави во Словенија дека Македонија се обидува да најде национален консензус за решение на спорот. Рече дека продолжуваат преговорите со медијаторот Метју Нимиц.

Заврши собраниската расправа за законот за употреба на јазиците во прво читање. Утре попладне пратениците ќе гласаат за потребата од донесување на законот за јазици.

Автобус полн со ученици се судри утрово со комбе на патниот правец Демир Хисар-Кичево, при што има повеќе повредени лица.

Бројните експропријации на земјиштето го забавуваат процесот на гасификација на земјата, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Нема да трошиме на споменици, туку ќе градиме. Секој инвеститор однапред ќе знае каква поддршка може да очекува од Владата, без да мора да се спогодува со претставници на власта. Ова го рекол вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска се обрати на панелот „Македонија – вртење на нова страница“, кој се одржа во рамките на „Трансатлантскиот економски форум – Градење мостови на Медитеранот“.

Коалицијата за чист воздух О2 бара прагот за информирање за концентрацијата на ПМ10 честиците во воздухот да биде 50 μg/m3, а никако повисок од 75 μg/m3, два дена последователно.

„Агенцијата за филм нема добиено серија, нема добиено документи, ниту известувања каде се потрошени парите што се веќе уплатени за првата серија од серијалот „Македонија“, односно 80 отсто од 68 милиони денари“, соопшти на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, во врска со телевизиската серија „Македонија“.