Најнови вести

Гитара на Боб Дилан продадена за 396. 500 долари

14 ноември 2017, 11:50 | Newsroom
Гитара на Боб Дилан продадена за 396. 500 долари
Сцена

Гитарата на американскиот музичар Боб Дилан, со која свирел на најзначајните концерти во 70-тите години на минатиот век, купена е за сума од 396. 500 долари од страна на анонимен купувач, а во рамки на аукцијата спроведена од „Херитаж“.

Дилан со таа гитара свирел на концертот на Џорџ Харисон за помош на Бангладеш во Њујорк 1971 година и во текот на турнејата „Роулинг тандер ревју“ од октомври 1975 до март 1976 година.

Музичарот гитарата ја продал на Лери Крег за 500 долари во 1977 година, а во 2013 година исто така гитара на Диланм со која свирел во 1965 година на фестивал во Њупорт е продадена за скоро милион долари.