Најнови вести

Изетбеговиќ: Ако Република Српска сака отцепување, ќе го бранам тоа што го стекнавме во војната

14 ноември 2017, 09:48 | Newsroom
Изетбеговиќ: Ако Република Српска сака отцепување, ќе го бранам тоа што го стекнавме во војната
Балкан

Бошњачкиот член на босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ во интервју за Дојче Веле кажал дека БиХ има намера да го признае независно Косово, но и дека нема да дозволи отцепување на Република Српска.

На директното прашање дали планира да го признае Косово, Изетбеговиќ рекол „Да“, но неговиот советник подоцна тврдел дека тој кажал „Се надевам“. Потоа следело прашањето зошто оваа земја до сега не го признала Косово, на што тој одговорил дека проблемот бил до српските политичари, поради кои БиХ трпи економски штети.

Изетбеговиќ во интервјуто истакнал дека денешната БиХ не е држава каква што граѓаните сакаат да биде, а уште помалку онаква каква за што се борел неговиот татко, Алија Изетбеговиќ, а во однос на тоа како ќе постапи доколку Република Српска сака да се одвои по примерот на Каталонија, тој одговорил: „Ќе го направам тоа што секој патриот на оваа земја би требало да го направи – ќе го бранам тоа што го стекнавме во војната од 1992 до 1995 година и тоа што ни припаѓа со потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.“

Откако во српските медиуми се појавија натписи дека Алија Изетбеговиќ во аманет му ја оставил Босна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Бакир кажал дека него го интересираат само односите меѓу БиХ и Турција, а за Србите го кажа следното:„Србите се такви, кога ќе помине одреден проблем, тогаш знаат да бидат добри домаќини и пријатели“

Слични вести