Најнови вести

Од следниот месец во Австрија стапува на сила забраната за прекриено лице во јавност

22 септември 2017, 15:33 | Newsroom
Од следниот месец во Австрија стапува на сила забраната за прекриено лице во јавност
Европа

Министерството за внатрешни работи на Австрија денеска соопшти дека припадниците на полицијата ќе спроведуваат кампања за запознавање на граѓаните со забраната за носење вел преку лице кој оневозможува да се препознае лицето кое го носи.

Забраната стапува во сила на 1 октомври.

Полицијата во градовите и на аеродромите ќе дели брошури во кои на германски, англиски, турски и арапски, се појаснува содржината на законот, кој предизвика контроверзи во земјата.

Во случај на непочитување на оваа забрана, полицијата ќе пишува казни во вредност од 150 евра, а во случај некој и натаму да одбива да го открие лицето, тој ќе биде одведен во полициска станица.

Забраната за носење вел на лице, во Австрија ќе се однесува на сите јавни места, вклучувајќи ги и сите средства за јавен превоз.

 

Слични вести