Најнови вести

Пратениците ќе гласаат за потребата од носење на Предлог – законот за употреба на јазиците

15 ноември 2017, 09:29 | newsroom
Пратениците ќе гласаат за потребата од носење на Предлог – законот за употреба на јазиците
Македонија

Пратениците во Собранието на Република Македонија напладне треба да гласаат за потребата од носење на Предлог – законот за употреба на јазиците, по што тој ќе влезе во втора фаза и ќе може да се поднесуваат амандмани по текстот.

Пратениците од власта велат дека со овој закон се сака да се испрати порака дека Собранието ќе им ги гарантира сите права на граѓаните, независно од кој етникум доаѓаат и на кој јазик зборуваат.

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на пленарната седница рече дека тие ќе поднесат повеќе амандмани со цел од законот ќе се тргнат одредбите кои се надвор од Уставот.