Најнови вести

Претепани малолетник од Скопје и млад тетовец

12 октомври 2017, 13:48 | Newsroom
Претепани малолетник од Скопје и млад тетовец
Црна Хроника

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ С.К.(41), пријавил дека претходно, околу 21:30 часот, на улица „101“ во село Волково, физички бил нападнат неговиот 15-годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години.

Имено, додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле одзади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ – Скопје.

СВР Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

Уште еден акт на насилство вчера бил пријавен во Тетово.

Во полициската станица околу 16 часот и 30 минути А.С. (29), пријавил дека претходниот ден на тетовската улица „Љуботенска“ го пресретнало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово.

Притоа, Џ.С. почнал да упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој паднал на плочникот.

Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото.

А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Слични вести