Најнови вести

Шпанската телевизија го пропрати Пучдемон со музика од „Истерувач на ѓаволот“

14 ноември 2017, 18:58 | Newsroom
Шпанската телевизија го пропрати Пучдемон со музика од „Истерувач на ѓаволот“
Европа

Шпанската државна телевија RTVE се најде на критика особено кај јавноста во Каталонија, бидејќи во позадина на снимка од разрешениот каталонски лидер Карлес Пучдемон емитувала музика од хорор филмот „Истерувач на ѓаволот“.

Музиката била емитувана во саботата, за време на информативна програма, во прилог на снимката на која Пучдемон изјавува дека тој и другите каталонски лидери знаеле дека можат да завршат во затвор поради сецесионизам.

Изборот на композицијата „Tubular Bells“ од Мајк Олдфилд за позадинска музика на прилогот, предизвика жалби на социјалните мрежи, како и од комисиите на одредени синдикати.

Портпарол на еден од синдикатите изјавил дека инцидентот е типичен приказ за провладиниот пристап на таа програма во екот на каталонската криза.

Слични вести