Најнови вести

Стравуваат од нестабилноста на Трамп: Сенаторите ја преиспитуваат неговата надлежност врз нуклеарното оружје

14 ноември 2017, 21:44 | Newsroom
Стравуваат од нестабилноста на Трамп: Сенаторите ја преиспитуваат неговата надлежност врз нуклеарното оружје
Свет

Првпат по 40 години Сенатот на САД ја преиспитува надлежноста на еден американски претседател да покрене нуклеарен напад, јави „Би-Би-Си“.

Според британскиот јавен сервис, сослушувањето по ова прашање во Комитетот за надворешни работи на Сенатот е наречено „надлежност за издавање наредби за користење на нукеларно оружје“.

Претседателот на Комитетот, републиканецот Боб Коркер минатиот месец го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ги води САД „на патот кон Трета светска војна“.

Трамп во август се закани дека ќе ја нападне Северна Кореја „со оган и бес какви светот никогаш не видел“, ако Пјонгјанг ја продолжи нуклеарната програма.

Последен пат Конгресот расправаше за оваа прашање во текот на четиридневното сослушување во март 1976 година.

„Ние сме загрижени дека претседателот е нестабилен, толку хировит, импулсивно носи одлуки и оти би можел да нареди напад со нуклеарно оружје, што е во драстичен расчекор со американските интереси на државната безбедност“, истакна демократскиот сенатор Крис Марфи на седницата.

Сенаторите исто така сакаат да знаат што би се случило доколку претседателот нареди нуклеарен напад.

Поранешниот командант на американската Стратешка команда, Роберт Келер, истакна дека доколку имало ваков случај додека тој бил активен, ќе ја извршел наредбата на претседателот, само ако истата била во согласност со законот.

„Во одредени ситуации јас би рекол дека не сум подготвен да го направам тоа“, посочи Келер.

Како врховен командант на вооружените сили, претседателот има надлежност да нареди нуклеарен напад, кој би можел да биде изведен од подморница, авион или со лансирање на интерконтинетален балистички проектил.

Во согласност со актуелните закони, претсадателот на САД може да покрене напад со внесување на шифра во апаратот, што постојано е кај него. Претседателот нема обврска за таквата одлука претходно да се консултира.

Слични вести