Најнови вести

Трибина за босанскиот јазик на Отворените денови на Институтот за македонски јазик

14 ноември 2017, 08:52 | Newsroom
Трибина за босанскиот јазик на Отворените денови на Институтот за македонски јазик
Култура

Денес, со почеток од 10 часот, во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте
Мисирков“, ќе се одржи трибината „Јазиците на Балканот: босански јазик – состојби и перспективи“.

Трибината со свои обраќања ќе ја отворат Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик и Милутин Станчиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на етничките заедници во Македонија, а на неа ќе земат учество осум професори од Институтот за јазици на Универзитетот во Сараево, како и директорот Ален Калајџија.

Предвидена е и промоција на стихозбирката „Мостови пријатељства“, како и програма за стручно усовршување на наставниците кои предаваат босански јазик.