Најнови вести

Заев: Ќе го гасифицираме Кратово

12 октомври 2017, 21:54 | newsroom
Заев: Ќе го гасифицираме Кратово
Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше на предизборен митинг со граѓаните на Кратово и најави гасификација на овој град..

„Убеден сум дека можеме да го гасифицираме Кратово. Јас ја гасифицирав Струмица. Овде тоа е многу возможна мисија. Гасификацијата е многу важна, за развојот на индустријата, за отворање работни места, но и заштеда на енергија во училиштата, во детските градинки, во болниците. 68% од енергијата може да се заштеди, по примерот на Струмица“, истакна Заев пред кратовчани.

Тој додаде дека целта им е да ги задржат младите да не ја напуштаат државата.