Најнови вести

„Зелена линија на смртта“ се појавува кај некои „ајфон X“ уреди (фото)

14 ноември 2017, 07:55 | Newsroom
„Зелена линија на смртта“ се појавува кај некои „ајфон X“ уреди (фото)
Мозаик

Некои корисници на најновиот „ајфон X“, пријавиле дека на нивните уреди се појавила т.н. „зелена линија на смртта“ што всушност е трајно оштетување на OLED-екранот.

Ова е поинаков проблем од „burn-in“ ефектот кој е регистриран кај најновите телефони на „Гугл“ – „пиксел XL 2“ и всушност е многу потешко да се поправи.

Според порталот „МекРумуорс“, најмалку 25 корисници од САД, Канада, Полска и Австралија го пријавиле овој проблем, а „Епл“ соопшти дека нивните уреди ќе бидат заменети бесплатно.

 

Слични вести